Македонската Агенција за катастар наградена од Светската банка

Bez autora
Apr 13 2010

Македонската Агенција за катастар на недвижности е еден од дванаесетте победници на натпреварот „Подобрување на животот на луѓето во Европа и Централна Азија“ поддржан од Светска банка. Претставникот на Светска банка во Република Македонија Маркус Репник на денешната прес-конференција истакна дека клучните придобивки од проектот се 98-процентна покриеност од територијата на државата со катастарска евиденција, двојно зголемен број на трансакции на недвижности, нивно запишување за само пет дена, а не за 60 како досега, и 70 отсто намалени цени на катастарските услуги. До пред пет години покриеноста на Македонија со катастарска евиденција изнесуваше 43 отсто, сега е 98, а до крајот на годината се очекува да достигне 100 проценти. Cо ова се потврдува дека реформите се исплатат и дека ако се прават на конзистентнен и вистински начин, можат да дадат резултати и во рок од три до четири години да се постигне трансформација на институциите и да се зголеми нивна ефикасност.

Македонската Агенција за катастар наградена од Светската банкаМакедонската Агенција за катастар на недвижности е еден од дванаесетте победници на натпреварот „Подобрување на животот на луѓето во Европа и Централна Азија“ поддржан од Светска банка.

Претставникот на Светска банка во Република Македонија Маркус Репник на денешната прес-конференција истакна дека клучните придобивки од проектот се 98-процентна покриеност од територијата на државата со катастарска евиденција, двојно зголемен број на трансакции на недвижности, нивно запишување за само пет дена, а не за 60 како досега, и 70 отсто намалени цени на катастарските услуги.

„До пред пет години покриеноста на Македонија со катастарска евиденција изнесуваше 43 отсто, сега е 98, а до крајот на годината се очекува да достигне 100 проценти“ рече Репник.

Министерот за финансии Зоран Ставрески посочи дека со ова се потврдува дека реформите се исплатат и дека ако се прават на конзистентнен и вистински начин, можат да дадат резултати и во рок од три до четири години да се постигне трансформација на институциите и да се зголеми нивна ефикасност.

Тој најави дека Светската банка ќе даде нова подршка во вредност од девет  милиони евра за натамошна модернизација на катастарот.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски истакна дека до пред три години  во Катастарот се запишувале по 300.000 предмети од кои заостанати биле околу 10 отсто, а сега овој број изнесува 650.000 со заостанатост од 0,5 отсто.

На годинашниот натпревар на Светска банка учествувале 282 проекта од околу 30 земји.

При изборот на најдобрите, како што рече Репник, се следеле два основни критериума - конкретни резултати и иновација. Македонскиот Проект е единствен победнички од Западен Балкан.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik